fbpx
Вести

Зошто потемнетите банани се најдобри за јадење?

Бананите се вкусно и хранливо овошје, што секојдневно треба да се консумира. Бананите се богати со нутритивна вредност и содржат големо количество на калиум. Но дали сте знаеле дека најздраво е да се јадат кога делуваат презреано?

banana-lice-3

Според истражување спроведена во јапонски институт, потполно зрелите банани ја произведуваат супстанцата TNF, која се бори против ќелиите што се однесуваат абнормално, како на пример кај лица заболени од рак или со ризик од ова заболување.

Како што повеќе созрева бананата, така развива повеќе темни дамки на лушпата, а колку повеќе темни дамки, толку побогата е бананата со овие ќелии што го подобруваат имунитетот.

Исто така, вака зрелите банани се добри за варењето бидејќи шеќерот од истите лесно со апсорбира во организмот, за разлика од недоволно зрелите банани, кои тешко се варат, бидејќи скробот уште се нема претворено во шеќер.

Значи колку позрела банана, толку поздраво за вас.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close