fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Ајде министре кога субвенциите за пиперот? Трипуновски вели дека прават анализа на ефектот на субвенциите во земјоделството

Производителите на пиперки се жалат дека рокот за исплата е пробиен

Производителите на градинарски култури ги бараат субвенциите по произведен килограм пипер и отворено на социјалните мрежи прашуваат кога да ги очекуваат парите. Министерот Цветан Трипуновски денеска имаше прес конференција но не кажа конкретно за исплата на субвенциите за пиперот или други други култури, туку рече дека ќе се прави анализа за ефектот на субвенциите .

Златко Нешевски до министерот пишува –  „Ајде министре кога за предаден килограм пиперка во преработувачки капацитет, ги пробивте сите рокови.“

„За пипер кога“, прашуваат Тони Димов и Сашо Јосифовски.

Формирана  е работна група во која  е вклучена науката, МЗШВ и други релевентни институции и се прави анализа на ефектот на субвенциите кои ги дава државата кон земјоделците, рече Трипуновски.

„Таа анализа се уште трае, но она што го планираме од наредната 2026 година е да направиме одредена мала модификација во делот на субвенциите со цел да го зголемиме домашното производстсво. Првичните анализаи покажуваат дека не е причината за падот на производството само во субвенциите, тие с емомент на одржување на земјоделците, но минатите години бевме сведоци каде што Владата и МЗШВ не го ставаше земјоделското производство во припритет“, рече Трипуновски и нагласи – „Ние како Влада тие субвенции кои беа со сериозно задоцнување ги исплативме према земјоделците, тековно ги сервисираме сите субвенции кои што се по календарот за исплата, со навремена исплата така ќе биде и во наредниот период, со што градиме една доверба на земјоделците кон институциите, што во минатото не беше случај. Затоа дел од нашата земјоделска популација го напуштатше производството. Немаше рентабилни, цени, сигурен пласман…“, рече Трипуновски. За министреот охрабруваат податоците од Државниот завод за статистика каде се бележи раст од 50 проценти на извозот на земјоделски производи.

 

Анета Блажевска

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close