fbpx
ВестиСовети

Зошто и како да ги отстраните листовите околу гроздовите?

Со отстранувањето на листовите околу гроздовите се забрзува созревањето на грозјето, му се подобрува квалитетот и се намалуваат губитоците кои настануваат при распаѓање. Во нашите подрачја, дефолијацијата се спроведува во септември и октомври.

Како што објаснува дипломираниот инжинер за овоштарство и лозарство, м-р Небојша Младеновиќ од Врање, во современото лозарство, редовно е применува дефолијацијата (отстранување на листовите), а тоа се прави за зголемување на квалитетот на гроздовите. Според неговите зборови, дефолијацијата се извршува на 20-30 дена пред бербата на грозјето. Од зоната на ластарите, во која се развиваат гроздовите, се отстрануваат поединечни листови кои ги засенуваат гроздовите. Така, значително се подобрува осветленоста и аерацијата (снабдувањето на гроздовите со воздух), што придонесува за нивно подобро созревање, целосна обоеност на надворешноста и помала можност за развој на сиво гниење на гроздот.

Со отстранувањето на лисјата околу гроздовите се забрзува зреењето на грозјето, му се подобрува квалитетот и се намалуваат губитоците при распаѓање. Кај нас, дефолијацијата се спроведува во септември и октомври. Тоа се прави рачно, а во поново време се користат и машини, како и хемиски средства (дефолијанти).

Водете сметка за времето и бројот на отстранети листови

За да се постигнат позитивни ефекти со дефолијацијата, неопходно е да се води сметка за времето и бројот на отстранети листови. Кога при дефолијацијата ќе се отстранат 15-25% од лисјата, на 20-30 дена пред бербата на грозјето, позитивните ефекти се многу изразени. Младеновиќ нагласува дека се отстрануваат само старите листови, чија фотосинтетска активност е слаба. Тој додава дека, поради значително подобрување на фитоклимата на лозата, преостанатите листови извршуваат интензивна фотосинтеза и создаваат доволно јаглени хидрати за исхрана и созревање на гроздовите и ластарите, како и за зголемување на резервите на храна.

Сортите на грозје, различно реагираат на отстранувањето на лисјата

Реакцијата на сортите, на дефолијацијата е различна. Сортата мускат хамбург, позитивно реагира на постепена дефолијација. Од почетокот на развојот на гроздовите, треба да се отстрануваат поединечни листови, кои ги засенуваат гроздовите, затоа што во сенка се развиваат гроздови кои слабо созреваат.

Од друга страна пак, гроздовите од сортата кардинал, добиваат подобра обоеност, кога растат во услови на слаба сенка, отколку кога се на директна светлина. Поради тоа, потребно е на секоја сорта да се направи преглед, поради разработка на најсоодветна ампелотехника, односно правилна и навремена примена на одредени мерки на зелена резидба во рамките на неговото одгледување, притоа земајќи ги предвид земјишните и климатските услови на средината, како и системот за одгледување.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close