fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Зошто кромидот, морковот и зелката цветаат наместо да формираат плод?

Поради желбата да се добие плод што е можно порано, производителите на зеленчук прават грешки при бербата или садењето зелка, кромид и морков, па наместо плод, тие добиваат само цут.

 

Овие двегодишни растенија, во исклучителни услови, можат да бидат едногодишни, доколку го преживеат процесот на премин од семе до цветање. За растенијата  кои човекот ги  користи вегетативните  делови во својата  исхрана, цветањето е непожелно, освен кога станува збор за производство на семе.

Значењето на температурите за време на растот на одредени двегодишни култури е исклучително големо. Градинарите  честопати за тоа го обвинуваат семето или самите производители на семе, не разбирајќи ја важноста на температурата за секоја од фазите низ кои поминува  зеленчукот.

Оптимална температура за никнување и раст на кромид, зелка и моркови и температура на која се одвива процесот на растење:

Никнување              Раст                Развој

Кромид               15˚Ц                      18-22˚Ц                12-13˚Ц

Зелка                    20˚Ц                      15-20˚Ц                2-10˚Ц

Морков               20˚Ц                      20-22˚Ц                5-8˚Ц

 

Зелка, моркови и кромид се растенија кои почнуваат да растат на ниски температури. Процесот на развој се разликува кај некои видови, но кај сите се одвива во веќе формирана билка (која има лист, стебло и корен), а не во семето.

Процесот на развој во кромид се одвива на температура од 12-13 ° C, за 15-25 дена. Ако вашиот  кромид процвета на пролет, тој бил голем и се чувал во несоодветни услови.

Кај зелката,  процесот се одвива на температура од 2-10 ° C, за 10-20 дена. Ако расадот на  раните садници од зелка се изнесе  в поле на терен во текот на март, постои опасност дел од растенијата да цветаат пред да се формираат главици.

Совети за зимско производство на зелка

Кај  морковите процесот се одвиваат 10-20 дена, на температура од 5-8 ° С. Градинарите  кои садат моркови во ноември, декември, јануари или февруари се изложени на можноста нивната култура да цвета пред формирањето на коренот погоден за употреба.

Ако тоа се случи, растенијата што почнуваат да формираат цвет најдобро е да се собираат пред да се развијат и со тоа да се намали штетата што е можно повеќе.

Слични написи

Back to top button
Close