Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
Видео
Да се обештетат сите земјоделци што имаат продадено пролетна зелка под производната цена, бара претседателот на потсекторската група за градинарство Драги Памуков. Според него, веќе две недели голем дел од земјоделците работеле со загуба, објави sitel.com.mk/
Производството кое во просек чини околу 15 денари го продавале за 8 денари по килограм. Апелира до министерството за земјоделство да најде начин и мерки и да ја покрие барем разликата до производна цена.Предлага тоа да се направи преку кантарни белешки од откупните пунктови, а средствата да се обезбедат преку интервентниот фонд.
За Памуков поддршката е неопходна бидејќи освен производството под пластеници , овој проблем ги засега и производителите на отворено кои допрва почнуваат со берба.
Според неофицијалните проценки производството на пролетна зелка во струмичко годинава тежи околу 35 000 тони. Земјоделците тврдат дека речиси половина од него или околу17 000 тони е предадено под производна цена.