fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Звонко Шундовски – најтрофејниот ракометен тренер од Македонија е во Битола

Звонко Шундовски го предводеше Пелистер и во 2005 и во 2023, шампионски години за битолскиот ракомет.

Битола живеела и живее за ракометот, а синоним за успех на ракометна Битола и Македонија е нашиот Звонко Шундовски, или како што битолчани често кажуваат, успехот е таму каде што е Шундовски. Звонко Шундовски го предводеше Пелистер и во 2005 и во 2023, шампионски години за битолскиот ракомет.

Шундовски го прифати предизвикот и веруваше во она што сите го сакавме – ТИТУЛА!   

Спортска Битола е гладна за успех и последната титула беше прославена со многу емоции, солзи радосници и со огромна желба дека тука нема да се застане, дека сега доаѓа „Зелена ера“ и ракометната бајка која во Битола започна пред три години, ќе трае.

Спортската сала „Младост“, а денес „Боро Чурлевски“ е култно место за битолчани. Тука РК Пелистер Битола ја испишува битолската спортска историја: седум пати шампион на Македонија, еднаш вицешампион на Југославија, полуфинале на Куп на Победници на Купови и Финале на Челинџ Куп.

Осумнаесет години поминаа од последната титула во Битола во 2005, до оваа денешната во 2023 година. Тоа е предолг период, и затоа во Битола се акумулираше толку енергија, страст и желба за успех. Победата над Вардар и заверката на титулата во Охрид, не беа само спортски победи, тоа беа победи за градот, победи за честа, името и угледот на Битола.

Можеби Данецот Кисум, со неколку реченици опиша сѐ: „Ова го нема никаде, никаде не сум го доживеал, толку многу емоции, желба и радост кај навивачи, може да се спореди само со италијански фудбал“. И точно е, Битола во овие денови наликува на фанатичниот Неапол.

Звонко Шундовски го предводеше Пелистер и во 2005 и во 2023.

Нема достапен опис.Нема достапен опис.Нема достапен опис.

 

Звонко Шундовски – Кариера во која се поместуваат границите

Шундовски, тренерска кариера ја започна во Пелистер, во клубот во кој се развиваше како играч во тогашна Југославија.

Битолски Пелистер беше еден од најуспешните клубови во тоа време и име кое значеше ракометна величина во Европа.

Нема достапен опис.

 

Тајните на ракометната игра Шундовски ги открива со трпеливоста која ја поседува, а самодовербата и амбициозноста ги стекнува во родниот град. Победничкиот менталитет и умешноста да се зацрта како цел, она што навидум е невозможно, ги учи од најголемите мајстори на ракометната игра во тие времиња: Анте Костелиќ, Тута Живковиќ, Никола Јевремовиќ -Гужва, Касим Каменица, Периќ, Богдан Маковеј. Тренерски имиња кои вложуваа во ракометот во Битола, благодарение на ентузијазмот и знаењето на управата на РК Пелистер од тој успешен период.

Наша Битола на ракометната мапа на Европа беше потенцирана, како еден од најстраствените ракометни градови во СФРЈ и Европа, градот кој знае ракомет и живее за ракометот со најдобрата публика и навивачи, и со право се кажуваше дека ракометот беше издигнат на ниво на религија.

Нема достапен опис.

Шундовски, во 2003 година е назначен за тренер на матичниот клуб РК Пелистер, а во 2005, клубот освојува дупла круна – Шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија.

Во 2008, како тренер на Металург Скопје, кој во тој момент е млада екипа во подем, го освојува Купот на Македонија и ја прекинува доминацијата на  Вардар.

На повик на Федерацијата на Македонија, во соработка со Веселин Вујовиќ, Шундовски е поставен за тренер на Младинската репрезентација на Македонија.

Истата година е дел од стручниот штаб на Сениорската репрезентација на Македонија, заедно со Илија Темелковски, кога на Светското првенство во Хрватска , Македонија го прави првиот исчекор кон ракометните висини, се пласира во вториот круг на натпреварувањето.

Во 2012, Шундовски ја добива позицијата селектор на Сениорската репрезентација на Македонија, а за негов асистент е назначен, сега покојниот Андон Бошковски.

Македонија во тој период има генерација на исклучително талентирани играчи, кои и покрај неспорниот квалитетот, не успеваат да го постигнат тоа што го посакуваат и заслужуваат на репрезентативно ниво. Со назначувањето на Шундовски за селектор на сениорска репрезентација,  Македонија остварува  пласман на Европско првенство, после 14 години неуспешни обиди за пласман на големите натпреварувања.

На Европското првенство во 2012 година, под водство на Шундовски, нашата држава како дебитант и тивок аутсајдер, го освојува 5-то место и зад себе на табелата ги остава репрезентациите на Франција, Германија, Унгарија, Шведска…

Нема достапен опис.

Шундовски, тренерската кариера ја продолжува во романска Констанца, каде во повеќегодишното работење, заедно со битолчанецот Бранислав Ангеловски – Бранче, како значителна фигура во тимот и подоцна во стручниот штаб, освојуваат 8  титули во романското првенство. ХЦМ Констанца остварува апсолутна доминација во првенството, која трае за време на целиот негов ангажман и повеќе години е успешен учесник во Лигата на шампиони.

Како круна на постигнатите резултати со Констанца и најголем исчекор во историјата на клубот со учеството на Final Four на ЕХФ купот во Берлин 2013/2014 година, Шундовски е прогласен за најуспешен тренер во Романија, во сите спортови, за сезоната 2013/2014. Признание кое за првпат во романската историја го добива странски тренер.

Во 2015, потпишува договор со ХЦМ Букурешт и го освојува Купот на Романија. Тоа е единствениот трофеј на клубот од своето формирање до денес.

Шундовски, кариерата ја продолжува како селектор на Израел, а понатаму и тренер на Ал Рајан Доха во Катар.

Во долгогодишната успешна кариера во странство Шундовски е личност која претставува извонреден професионалец, респектабилен и успешен тренер, кој секогаш ја гледа и реализира целта, чекор пред сите очекувања и минати достигнувања на тимот.

Нема достапен опис.

Шундовски: Успехот е поголем кога се дели со битолчани 

Шундовски не крие дека за него најголема радост претставуваат успесите во Македонија, во својот роден град, па вели – „Успехот е најголем, кога се дели со своите, со Македонците, со своите битолчани“.

Неговиот ангажман во Еурофарм Пелистер, претставува потреба и желба, стекнатото искуство и знаење, комплетно да го стави на располагање на матичниот клуб, клубот кој го задолжил во почетоците на кариерата, во служба на Битола и битолчани.

Нема достапен опис.

Враќањето во матичниот клуб, после 18 години и повторното освојувањето на шампионската титула во 2023 година, во соработка со Александар Јовиќ, претставува  вистинска сатисфакција за Шундовски. Воедно ова е потврда дека во Еурофарм Пелистер има квалитетни играчи кои се добра основа за идна надградба на тимот и секако најважното: Еурофарм Пелистер има раководство, сопственици и спонзори кои имаат желба, разбирање, посветеност и квалитет, а со тоа и потенцијал за постигнување на успеси со кои битолчани ќе се гордеат.

Формулата е најдена, градот живее за ракометот, во сабота во салата „Боро Чурлевски“ ќе се слави титулата.

 

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Златни медали :

Шампионски Титули во Национални Првенства

РК Пелистер Битола , Македонија         2004/2005

ХЦМ Констанца , Романија                        2011/2012

ХЦМ Констанца , Романија                        2012/2013

ХЦМ Констанца , Романија                        2013/2014

РК Пелистер Битола , Македонија         2022/2023

КУП Првенства  во Национални Првенства

РК Пелистер Битола , Македонија         2004/2005

РК Металург Скопје, Македонија           2008/2009

ХЦМ Констанца , Романија                        2011/2012

ХЦМ Констанца , Романија                        2012/2013

ХЦМ Констанца , Романија                        2013/2014

ЦСМ Букурешт, Романија                           2015/2016

СУПЕР КУП  во Национални Првенства

ХЦМ Констанца , Романија                        2012/2013

ХЦМ Констанца , Романија                        2013/2014

 

Текст А. Блажевска

фотографии-приватна архива на Шундовски и дел од интернет

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close