Известување за поднесување на барања за мерките за живинарство
Висината на директните плаќања изнесува 40 денари по заклан бројлер за подмерка 2.14, 150 денари по заклана амортизирана несилка за подмерка 2.15 и 10 денари по произведено и продадено еднодневно пиле за подмерка 2.16.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека до 05 ноември 2024 година ќе можат да поднесат барања за подмерките 2.14 Директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети, 2.15 Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и 2.16 Директни плаќања за произведени или продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди.
Корисници на овие подмерки се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери и амортизирани несилки во период од октомври 2023 година до септември 2024 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло или имаат произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди во период од октомври 2023 година до септември 2024 година.
Висината на директните плаќања изнесува 40 денари по заклан бројлер за подмерка 2.14, 150 денари по заклана амортизирана несилка за подмерка 2.15 и 10 денари по произведено и продадено еднодневно пиле за подмерка 2.16.
Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата. Испечатеното барање заедно со прилозите се доставува до Агенцијата. Помош при креирање на електронското барање е обезбедена од вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Линкот за пристапување до електронскиот систем е:
www.ipardpa.gov.mk – Директни плаќања е-субвенции.