Македонското иновативно решение за кровни градини Семпервел предизвика голем интерес на меѓународниот саем Анталија Експо
Семпервел се претстави на меѓународниот саем Анталија Експо 2022 наменет за иновативни земјоделски технологии и опрема, хортикултурни решенија, системи за наводнување, одгледување семиња и садници, како и за исхрана и заштита на растенијата, а кој се одржува во период од 23-26 ноември.
Македонското иновативно решение за кровни градини Семпервел се претстави на меѓународниот саем Анталија Експо 2022 наменет за иновативни земјоделски технологии и опрема, хортикултурни решенија, системи за наводнување, одгледување семиња и садници, како и за исхрана и заштита на растенијата, а кој се одржува во период од 23-26 ноември.
“Воспоставивме контакти и разговаравме за можности за пласман на овој иновативен производ првично на турскиот пазар, но и пошироко. Семпервел како решение има огромен потенцијал, и 100% придонесува кон зачувување на животната средина. Придобивките од Семпервел кровните градини се бројни но првенствено тие обезбедуваат: заштеда на енергија, го прочистуваат воздухот и ја намалуваат бучавата! Неопходни се во градските средини, посебно таму каде има огромна концентрација на бетон, недостиг на зелени површини и огромна концентрација на луѓе и автомобили. Анталија Експо 2022 е еден од најголемите и најзначајните саеми во светот каде се претставуваат земјоделски и хортикултурни иновации од целиот свет, што за нас е голем предизвик, но истовремено и можност за потврда на иновативноста и функционалноста на нашето решение”, изјави Ѓорѓи Самарџиев од ФОЈА.
За решението повеќе на следниот линк Семпервел, или преку е-mail: fojako@gmail.com +389 2 2772 046. Кровните градини се новитет кој постојано се докажува како одлично решение!