fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Нашите земјоделци почнаа да подигаат насади со орев

Колку садници се продаваат во сезона?

Македонските граѓани се фокусираат на засадување на насади со орев. Солиден интерес има и за бадемот и лешникот.

Скоро една деценија овие агробизниси се во подем. Од Опитно Поле ФЗНХ Дооел Скопје објаснуваат дека во текот на една сезона продаваат голем број садници од орев.

„Во последните десетина години во нашата земја се зголемува интересот за подигање на насади под јаткасти плодови (орев, лешник, бадем и слично). Економично е да се посади орев од сората Чендлер ( потекнува од Калифорнија ). Ние во  текот на една садна сезона продаваме повеќе од 20.000 садници, односно има повеќе насади кои се над 10 хектари површина“, додаваат од Опитно Поле ФЗНХ Дооел Скопје.

Најдобар период за почнување на активности во овоштарство е летото. Најважна активност е подготовката на почвата.  Сите кои сакаат да почнат со одгледување на орев, пред почетокот на садната сезона, најдоцна до крајот на август треба да си обезбедат садници. Овоштарите за да имаат добар род, освен квалитетен саден материјал, потребни им се плодна почва, наводнување, ѓубрење и заштита од штетници.

Лидија Бурназова, раководител на Опитно Поле вели дека луѓе од различна возраст и од различни краеви на Македонија подигаат насади со орев. Објаснува дека сортата Чендлер успева на надморска височина до 900 метри, а над 900 метри, погодно е да се одгледува сортата Лара. Таа вели дека и младите се доста посветени во работата и ги следат советите кои ги добиваат од неа. Бурназова раскажува дека многу е важна резидбата на оревот, таа треба правилно да се изведе, а за садниците, по 4 години  може да се берат плодови, додека после 6 или 7 години имаат полн род. Во овоштарникот, од една до друга садница мора да има растојание од 5 до 7 метри. Во овој агробизнис се впуштаат и луѓе кои претходно не работеле земјоделска работа.

Изворhttps://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close