fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски го вкуси ајварот на Милена Ангелова, мал производител на храна од неживотинско потекло

Објавен повикот за грант од 10.000 евра за купување на опрема и автоматизирање на процесите. 

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски го посети  с.Паликура каде живее и работи земјоделие  Милена Ангелова – мал производител на храна од неживотинско потекло.
-Под нејзиниот бренд Везенка се наоѓаат вкусни преработки од пипер и домати.
Ајвар, лутеница, малиџано и кечап се производите кои со регистрирањето како мал производител во АХВ ќе може легално да се продаваат во Тиквешкиот регион.
Ја искористивме оваа посета да ја информираме нашата домаќинка дека од денес е објавен јавен повик за мали производители на храна од неживотинско потекло за кои е предвидено финансирање преку грант од 10.000 евра за купување на опрема и автоматизирање на процесите.
Огромна почит за ваквите производители кои го негуваат традиционалниот начин на производство на храна и кои создаваат нови брендови кои вредат да бидат спознаени и вкусени, објави Бачовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close