fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Жител на кочанското село Полаки крадел во шест цркви во Пелагонија

В.И. (50) од кочанското село Полаки, во периодот од 04.11.2022 до 08.12.2022, со употреба на сила и подесен предмет влегувал во цркви во селата Логоварди, Долно Српци, Црнобуки, Далбеговци, Радобор и Новаци и одзел пари.

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола расчистија шест тешки кражби во верски објекти и една тешка кражба во обид.

Како што денеска соопштија од МВР, по преземени мерки било утврдено дека В.И. (50) од кочанското село Полаки, во периодот од 04.11.2022 до 08.12.2022, со употреба на сила и подесен предмет влегувал во цркви во селата Логоварди, Долно Српци, Црнобуки, Далбеговци, Радобор и Новаци и одзел пари.

– Тој делата ги извршил додека бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, каде издржува казна затвор за други сторени кривични дела „тешка кражба“ во повеќе места во државата. Со него бил извршен службен разговор во Затвор Куманово, при што ги признал делата, се појаснува во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close