fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Депонијата кај село Лески ќе се дислоцира, отпадот ќе се фрла во Тупанец

Владата мора да си ја реализира својата одлука за дислокација на депонијата во атарот на село Лески, вели градоначалникот на Виница, Миле Петков

Владата мора да си ја реализира својата одлука за дислокација на депонијата во атарот на село Лески, вели градоначалникот на Виница, Миле Петков, по јавниот повик што до него го упатија виничани да најде чаре за овој голем загадувач на животната средина. Депонијата секојдневно расте и гори.

– Минатата недела од Министерството за животна средина и просторно планирање добив одговор на мојот допис до нив, кога ќе се дислоцира депонијата кај сeло Лески. Од Министерството бев информиран дека овој месец ќе се одржи координативен состанок на кој ќе присуствуваат претставници од сите општини од Источниот и Севериосточниот регион во кој ќе се утврдат роковите за спроведување на Одлуката на Влада, во која е наведено дека комуналниот отпад од општина Виница до изградба на Регионалната депонија во општина Свети Николе ќе се отстранува на временската локација м.в. Тупанец во општина Кочани – информира Петков.

Во меѓувреме општина Виница склучи Договор со фирмата ДПТУ Центар Комерц ДООЕЛ од Могила во вредност од 679.980 денари со кој правниот субјект беше обврзан депонијата да ја третира на природен начин, односно истата се третираше со природни алги, на начин што придонесува да се спречи нејзиното палење и согорување.

Инаку, на депонијата постојано се интервенира со нејзино затрупување со земја, а повремено интервенира и ТППЕ Виница.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close