fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Наместо земјоделски култури во плодното земјиште на влезот од Охрид никнуваат депонии

На влезот од Охрид на местото викано Патерица во плодното поле на Градинар никнува некој нов „вид земјоделство“.

Животната средина ни е една голема депонија. Несовесното однесување и загадувањето на природата и јавниот простор во Охрид, впрочем како и во целата држава, станува алармантно. Дека сме еколошки несвесни и неедуциранине не е само констатација до која брзо ќе дојдете само доколку погледнете околу себе, за жал, во нашиов случај тоа е веќе дијагноза која заслужува подлабока анализа.

На влезот од Охрид на местото викано Патерица во плодното поле на Градинар никнува некој нов „вид земјоделство“. Наместо насади таму се сее отпад од најразичен вид. Кревети, покуќнина, градежен шут и што ли уште нема расфрлано на стотина метри од езерото.

Иронијата да е поголема на педесеттина метри воздушно од дивата депонија среде плодното земјиште е Мауцкер каде постои регуларна депонија за одлагање цврст отпад.

И во овој случај, како и во многу други, останува да се запрашаме што правиме ние самите, а пред се системот да ги спречи, санкционира, елиминира ваквите појави? Дали некој е казнет? Дали вистински се работи на едукација и подигнување на јавната свест за намалување на загадувањето и заштита на животната средина? Дали знаат надлежните колку вакви фотографии завршуваат во меморијата на туристите?

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close