fbpx
ВестиМакедонија

Намален бројот на работници во индустријата лани за 4,6 отсто

Бројот на работниците во индустријата во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи намалување од 4,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во индустријата во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи намалување од 4,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, се намалил за 4,6 отсто.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање од 3,8 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 4,3 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,3 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 4,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за шест отсто, капитални производи за 0,7 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 4,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за пет отсто.https://kanal5.com.mk/namalen-brojot-na-rabotnici-vo-industrijata-lani-za-4-6-otsto/a458662

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close