fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Украина го забрани извозот на месо, шеќер и сол, но дозволи извоз на пченица и пченка

Украинските медиуми пишуваат и дека оваа земја го проширила списокот на стоки што е дозволено да се извезуваат од оваа земја, а тоа се пченицата, пченката, живината, јајцата и маслата, кои сега имаат дозволи за извоз.

Владата на Украина воведе нула квоти за извоз на ‘рж, овес, леќа, просо, шеќер и сол кои подлежат на лиценцирање во 2022 година.

Ова се наведува во Уредбата од 5 март, објавена на веб-страницата на Владата во недела, 6 март, пишуваат украинските медиуми.

Со измените на одлуката за списокот на стоки чиј извоз и увоз подлежат на лиценцирање и квоти за 2022 година од 29 декември 2021 година, се воведоа нула квоти за извоз на жив добиток и замрзнато месо.

Украинските медиуми пишуваат и дека оваа земја го проширила списокот на стоки што е дозволено да се извезуваат од оваа земја, а тоа се пченицата, пченката, живината, јајцата и маслата, кои сега имаат дозволи за извоз.

Одлуката за проширување на листата на дозволи и квоти за извоз и увоз ја усвои Кабинетот на министри на Украина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close