Струмица Табак годинава нема да врши откуп на тутун

(Oвој напис е објавен на: March 3, 2017)

strumica tabak godinava nema da vrshi otkup na tutun

Струмица Табак ова сезона нема да врши откуп на тутун. Во предвидениот законски рок не ги отвори откупните пунктови за околу 3500 кооперанти. Меѓу нив е и Ванчо Пандев од Градашорци кој долги години имал договор со ова фирма. Откако дознал дека Струмица Табак сезонава нема да врши откуп, годинашниов род го предаде во битолски Сокотаб.

Струмица Табак не достави бонитет во законскиот рок и не се отворени пунктовите за откуп, информираа од Државниот земјоделски инспекторат. Оваа компанија требало да откупи околу 2300 тони тутун од производители од струмичко радовишкиот, но и прилепскиот регион.

Share Button