fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Лоша политика е да се врши продажба на земоделското земјиште и пренамена во градежно

Став на Националната федерација на фармери

Лоша политика е да се врши продажба на земоделското земјиште и пренамена на земјоделското земјиште во градежно, ова е ставот на Националната федерација на фармери, ви го пренесуваме во целост.
Врз основа на најавите за подготовка на нов Закон за продажба на земјоделското земјиште, Националната федерација на фармери подготви Анализа за импликациите од процесот на продажба на земјодеското земјиште врз земјоделството и руралниот развој. Она што сакаме да потенцираме е дека ние како претсавници на земјоделците и малите земјоделски стопанства од никогаш не сме се согласувале да се донесуваат закони преку кои ќе се врши продажба на земјоделксо земјиште. Не се согласувавме и со донесениот Закон за продажба на земјоделско земјиште во 2013 и сметавме дека тој треба да се укине. Според нас лоша политика е да се врши продажба на земоделското земјиште и пренамена на земјоделското земјиште во градежно. Доколку се донесе Закон кој добро не го регулира и заштитува земјоделското земјиште ќе предизвика трајна загуба на овој ресурс за државата, а особено што ова земјиште е со најдобри (консолидирани) парцели, во најголем дел со добра инфраструктура (подигната со средства од поранешниот т.н. општествен капитал), како и со добар квалитет на почвите. Најавите дека ќе бидат продавани само крупни парцели, ќе ги стави семејните земјоделски стопанства во подредена положба, со оглед дека тие се со слаб инвестиционен капацитет и со мала можност за подигање на кредити за купување на земјиштето. Во таков случај ова на долг рок може да предизвика нивно постепено напуштање на земјоделството и на руралните средини.
Целото соопштение на Националната федерација на фармери дадено до медиумиможе да го прочитате на следниот линк:https://www.nff.org.mk/
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close