fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Конференција „Економско јакнење на жените од руралните средини во контекст на одржлив систем за обезбеденост со храна“

Родовата еднаквост е клучна во однос на обезбеденоста со храна, бидејќи инвестирањето во руралните жени ги подобрува егзистенцијалните можности не само на жените, туку и на сите останати.

Зголемување на соработката за активно промовирање на позитивни примери на родова рамноправност економско јакнење (посебно во делот на рушење на традиционалните норми и еднаков пристап на мажите и жените за сопственост на земјоделско земјиште и имот), воспоставување на механизми и поттикнувачки мерки за зголемување на бројот на рурални жени сопственици на земјоделско земјиште и имот, едукација и информираност на жените од руралните средини за нивен економски и социјален развој. Ова се дел од заклучоците на денешната zoom конференција на тема „Економско јакнење на жените од руралните средини во контекст на одржлив систем за обезбеденост со храна“организирана од Националната федерација на фармери и Мрежата за рурален развој на РСМ со поддршка на Шведската организација за развој We Effect. На настанот присуствуваа 70 учесници од владини институции, невладини организации, донатори, рурални жени и земјоделци и се отвори дискусија за значењето на жените од руралните средини во системот за обезбеденост на храна и нивната значајна улога во развојот на земјоделството и руралните средини. Исто така беа презентирани позитивни искуства и активности имплементирани од страна на невладиниот сектор (Национална федерација на фармери и Мрежата за рурален развој на РСМ кои се поддржани од Шведската организација за развој We Effect) во насока на понатамошно поттикнување за преземање на конкретни чекори за позитивни промени за економско јакнење на жените од руралните средини.

„Родовата еднаквост е клучна во однос на обезбеденоста со храна, бидејќи инвестирањето во руралните жени ги подобрува егзистенцијалните можности не само на жените, туку и на сите останати. Кога руралните жени се во состојба да заработуваат и да го контролираат својот приход, тоа има директно влијание не само врз благосостојбата и обезбеденоста со храна на нивните семејства, туку носи и трајни придобивки за целата заедница. Оттука, одржливиот рурален развој и обезбеденоста со храна не се можни без да се зајакнат правата на руралните жени,”изјави Анели Леина, регионална директорка на Шведската организација за развој We Effect. “Потребно е да се презентираат добри практики и позитивни примери на жени претприемачи во рурални средини. Но исто така важно е креирање и промовирање мерки за зголемување на можностите за вработување на жените од руралните средини; развој на нивни бизниси и креирање мерки за признавање на неплатениот труд на жените во земјоделството и грижа во семејството“, истакна Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери. Претседателот на Мрежата за рурален развој, Петар Ѓоргиевски, истакна: „ Знаеме дека во Република Северна Македонија постојат олеснувања за жените од руралните средини кои аплицираат на постоечките мерки за подршка на земјоделствотo и руралниот развој преку националната програма за РР и ИПАРД, но сметам дека потребно е повеќе да се зголеми стимулирањето на жените претприемачи и да се даде поддршка на жените кои би биле идни носители на проектите, преку обезбедување на повеќе информации, потикнување, давање на бизнис идеи и обезбедување на деловни врски преку разни начини на вмрежување. “ На zoom конференцијата свое обраќање имаа Гоце Георгиевски, раководител на сектор за рурален развој во МЗШВ и Mikael Atterhög, раководител за соработка и развој во Амбасадата на Кралството Шведска во РСМ. Mikael Atterhög, раководител за соработка и развој во Амбасадата на Кралството Шведска во РСМ потенцира дека извештаите покажуваат дека учеството на жените во земјоделскиот сектор е исто како и учеството на мажите , но учеството на жените во водењето на земјоделски бизниси и стопанства е многу понизок во споредба со учеството на мажите. „Шведска верува дека е важно да се препознае учеството на жените во производството на храна и тоа е едно од клучните елементи за редукција и намалување на сиромаштијата. Инвестирањето во жените фармери е клучно за земјоделскиот сектор“, истакна Atterhög . Гоце Георгиевски, раководител на на секторот за рурален развој во МЗШВ истакна дека една од главните активности во имплементирањето на националната програма за земјоделство и рурален развој е пилот мерката 115 каде склучивме договор со 250 жени за доделување на 3000 евра неповратен грант. “Се планира да се зголеми висината на грантот на 6000 до 10000 евра по апликант во наредните години.“, истакна Гоце Георгиевски раководител на сектор за рурален развој во МЗШВ. ZOOM конференцијата поттикна плодна дискусија меѓу учесниците, многу споделени искуства и информации и беше заокружена со богати заклучоци и насоки за идната работа во подобрување на состојбата на жените во руралните средини и зголемување на родовата еднаквост.

Со почит Национална федерација на фармери.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close