fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Стравувања кај земјоделците  од неквалитетен расад за тутун и пипер

Додека се подготвуваат нивите за сеидба и за расадување, земјоделци од Пелагониско на самиот страт се загрижени како ќе се одвива целата актовност бидејќи расадите, као што велат, „не чинат“.

 

Земјоделците  го користат секој момент да ги завршат сите активности  по полето. Променливото  врнежливо време во Пелагонискиот регион малку ги забави работите, но секој сончев ден се користи за по поле. Некој ора, некој сее, а некој се подготвува за расадување на тутун и пипер.

За сега тутунот е најисплатлива култура и земјоделците сакаат да ги зголемат површините под тутун. На самиот старт постои загриженост поради лошиот квалитет на расадот.

Кујтим Дуљка од с. Жабени секоја година сади и тутун и пипер, но оваа година ќе треба да се снаоѓа за расад. Смета дека пролетниот мраз е најголемата причина.

-На мака сме годинава со расадот. Спремен е ама „не чини“ квалитетот не е добар. Не знам дали од времето, оти имаше температурен шок  топло ладно или нешто друго не знам. Не сум само јас има и други земјоделци. Ќе видиме, ќе позајмуваме едни од други или ќе купуваме од оние што имаат, вели за Зелена берза Дуљка. Оваа година планирав да посадам повеќе и тутун и пипер ќе мора да се снаоѓам додава тој.

Од квалитетот на расадот зависи и подоцнежниот принос. Стручните лица ова го потврдуваат , но за причините зошто расадот не бил добар, може да влијаат многу фактори, тргнувајќи од квалитет на почва, влага, квалитет на семе, манипулација при заштитата на леите и сл.

Дуљка оваа година планира да посади 1 ха тутун, 3 ха пипер, а компир веќе има посадено на 1ха површина. Заедно со пченката и дел со ливади обработува 20 ха земја. Порано одгледувал и крави ама бил незадоволен од цената на млекото и се откажал од таа работа.

– Со  кораната немаме проблем, работиме нормално по полето, само незнам како ќе биде после со откупот, дали ќе ги отворат границите за извоз. Од тоа ќе зависи дали ќе ни биде откупен  родот од пиперот. Со една компанија имаме договор, ама не ни го даваат и не се знае што ќе биде  оти незнаат ниту тие како ќе се одвиваат работите понатаму, загрижено објаснува Кујтим.

Во земјоделието сум од мал , од 7 годинии откако знам тоа го работам, вели Дуљка. На нивата каде што го сретнавме беше и неговиот син кој ги совладуваше вештините за орање.

-Мене од мал  ме учеше татко ми како се ора, така и син ми сега го учам. Имам секаква механизација ама Тафето ми е омилен трактор. Го купив пред еден месец на кредит. Ланската сезона беше добра, а за годинава ќе видиме, се насмевна и продолжи да ора.

Павлина Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close