Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Најнова вест за тутунарите – Во текот на првата недела од јуни на 15.286 тутунари ќе им бидат исплатени субвенции

Најнова вест од Платежната агенција за субвенциите за тутунот

На прашање на Зелена берза за исплатата на субвенциите за тутунот еве што одговорија од Платежната агенција.
„Во текот на првата недела од јуни 2026 година на 15286 производители на тутун ќе им бидат исплатени околу 2 милјарди денари.
Доцнењето на исплата се должи на контролите кои се правеа на терен за сите мерки за 2025 година, вклучително и мерката за предаден тутун во преработувачки капацитети од реколта 2024 година“, соопшти директорката  на Платежната агенција Даниела Иротова на прашање на Зелена берза.
А.Блажевска

Поврзани новости

Back to top button