вестиТоп вести

Елаборатот за фотоволтаичната централа на ЈП „Пазари“ одобрен од Министерство за животна средина

Битола

Добиено е решението од Министерство за животна средина и просторно планирање за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина за спроведување на проектот: „Изградба на фотоволтаична централа до 20KW“ на локација за потребите на ЈП Пазари Битола. Поставувањето на фотоволтаичните панели на управната зграда, треба да даде придонес кон заштитата на животната средина и да ги намали трошоците при работењето на ова јавно претпријатие. Вкупната инвестиција на проектот е 1.100.000 денари.

-Ова е трет чекор до исполнување на проектот. Откако го изработивме идејниот проект и објавивме тендер за поставување на фотоволтаични панели до 20 КW на Градскиот пазар во Битола, следен чекер беше изработка на елаборат за заштита на животната средина поднесен до Министерството за животна средина и просторно планирање и во текот на вчерашниот ден го добивме решението  за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина за спроведување на проектот „Изградба на фотоволтаична централа до 20KW“ на локација за потребите на ЈП Пазари Битола. Проектот е веќе изготвен и очекуваме во текот на денот да биде доставен до Министерство за економија , до Комисијата за енегетика. Полека се приближуваме до целата, изјави Владе Атанасовски, директор на ЈП Пазари Битола.

Директорот  Атанасовски истакна дека ова е трет последователен еколошки проект реализиран во ЈП „Пазари“, откако претходно беа поставени нови лед сијалици во градскиот пазар, а во управната зграда е монтиран нов систем за греење на пелети.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close