вести

Тиквата, сливата и фефероните да се вратат на нивите

Сливата, тиквата, јапонското јаболко и фефероната да се вратат на земјоделските површини, бараат трговците. Велат дека на пазарот има недостиг од одредени земјоделски култури, пред се, поради негативното влијание на климатските промени, но и поради ориентирањето на земјоделците кон само една култура.

tikvata slivata i feferonite da se vratat na nivite

 

– Нашата препорака е да се вметнат 4-5 нови производи за да се растоварат досегашните количини пролетна зелка, зимска зелка, зелка на отворено, „куртовската капија, да се одгледуваат повеќе сливата „чачанка“, јапонската јаболка „шарон”. Имаме договорно производство и за извоз на поголеми количини тиква во 2016 година, фефероната речиси и да умира, во 2015 многу малку се произведува, вели Ацо Стоилков, откупувач на земјоделски производи.

Стоилков смета дека договорното производство и напорите за стимулирање на младите да се вратат на нивите ќе помогне за развој на земјоделството.

74F86B70A2DC7A42B93185D97BA55239

Експертите се децидни, почвата во струмичкото поле е одлична за овие според нив атрактивни култури.

– Уште од сега има голем интерес на германскиот пазар за пласман на сушена слива бидејќи влакната од овој плод имаат големо антиканцерогено дејство. Во струмичкиот регион постојат одлични педолошки услови за сливата „чачанка” и за „стенлеј”. Јапонското јаболко, освен во Валандовско, каде што дава од 2.000-3.000 тони годишно, доживува експанзија и во Струмичко објаснува д-р Ристо Вучков, земјоделски експерт.

07092014145103_115-sljiva

Советуваат производството да не биде стихијно, туку организирано, со професионален надзор и совети за да се достигне добар квалитет, а со тоа и подобра цена.

Според откупувачите, минатата година „куртовската капија“, сливата и праската поминале одлично, а производителите на домати имаа една од полошите години, предизвикана од климатските промени и конкуренцијата на странските пазари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close