Закуп на државно земјиште поголемо од 3 хектари

(Oвој напис е објавен на: August 18, 2017)

Тече огласот за закуп на 600 хектари државно земјоделско земјиште во 8 региони во земјава. Најголемите понудени површини се во Кавадарци и во Кочани, а се наменети исклучиво за производство на земјоделски култури. Изборот на закупувачите ќе биде по пат на јавно наддавање.

Времетраењето за користење на земјиштето ќе биде различно.

Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, парцелите ќе ги добијат за користење во период од 15 до 70 години.

Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавниот оглас во висина на понудена деветмесечна закупнина.

Почетната цена на закупот за еден хектар се утврдува во зависност од местоположбата и од катастарската класа и се движи од 15 до 120 евра.

Огласот ќе трае 60 дена од објавувањето односно до 5-ти октомври, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.