вестиМакедонијаТоп вести

Зголемен прометот во трговијата

Прометот во трговијата на големо во декември 2019 година е зголемен за 19,9 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, а прометот на мало бележи зголемување од 12,7 отсто.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2019 година, во споредба со декември 2018 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 10,4 отсто, а реално за 9,1 отсто), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 23,3 , а реално за 24,1) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 17.0, а реално за 16,7 отсто).

Намалување на прометот, пак, е забележано во групата Трговија на мало, со автомобилски горива и тоа номинално за 6,4, а реално за 11,6 проценти.

Слични написи

Back to top button
Close