вестиТоп вести

Злоупотреба на субвенциите за анасон

Државата делела субвенции за анасон, но дел од парите се злоупотребени. Констатирани се неправилности кај 62 земјоделци за сума од околу 50 илјади евра, пари кои сега ќе треба да бидат вратени во буџетот.

Владата уште во јули ја здолжила Платежната агенција во рок од 30 дена да побара парите од некомплетните барања да бидат вратени во буџетот. Иако роковите се поминати – парите се уште не се вратени. Платежната агенција досега направила контроли на терен – ги вкрстувале податоците со останатите институции задложени да постапуваат, а велат дека во најкус може рок ќе ги финализираат документите по што ќе се преземат конкретни мерки.

Анасонот е едногодишно растение, а Државниот инспекторат за земјоделие, во контролираните 700 хектари површини откриле дека биле собрани 59 тони анасон. При тоа се посочува дека ако се земат сите неповолни услови од овие 700 хектари површини би требало да се добијат 490 тони анасон, а со моменталните цени на анасонот на слободниот пазар од неговата продажба би се остварил приход од близу 960 илјади евра.

Дополнително во извештајот на Владината седница  стои дека контролите на терен од ДЗИ се задоцнети, затоа што анасонот е едногодишно растение и субвенциите се од лани. Па така, кога се вршеле контролите земјоделците имале засадено други култури. Државата лани дала половина милион евра на 438 земјоделци за да произведат анасон на своите ниви. Меѓутоа, производи на пазарот нема, ниту пак постои начин како да се докаже дали биле прозиведени.

извор: Телма

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close