вестиТоп вести

Кои услови и критериуми треба да се запазат за добивање на финансиска поддршка за Мерката 115?

 

Сите заинтересирани земјоделки кои сакаат да искористат средства од Програмата за Финансиска  поддршка на руралниот развој за 2019 за Мерката 115 – Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство  треба да обрнат внимание на критериумите и условите за аплицирање. Еве колку бодови може да се добијат и кои документи се потребни за да се аплицира.

Според упатството избор на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за користење на средства за инвестиции предвидени со мерката 115. Барателите кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на финансиска поддршка се рангираат со бодување согласно критериумите во упатсвото. За да биде прифатливо барањето, барателот треба да добие најмалку 50 бода.  Еве колку бода може да се добијат.

1 Барателот да е регистриран со земјоделство како примарна дејност и е носител на земјоделско стопанство пред влегување во сила на овој правилник- 25

Барателот да е регистриран со земјоделство како примарна дејност и е носител на земјоделско стопанство по влегување во сила на овој правилник -15

2 Барателот да е регистриран како индивидуален земјоделец согласно Законот за вршење на земјоделска дејност -25

Барателот да е регистриран како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување -25

Барателот да има остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска дејност до износот на годишниот нето износ на минимална плата за претходна година -5

Барателот да има остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска дејност до износот на годишниот износ на минимална основица за пресметка и плаќање на придонеси од социјалното осигурување -5

3 Барателот да е евидентиран во Единствениот регистар на земјоделски стопанства како физичко лице со примарна земјоделска дејност -20

 4 Барателот да покаже сопствено учество во инвестицијата -5

5 Барателот да е член на здружение или земјоделска задруга или на локална акциона група- 5 6 Барателот да е помлад од 40 години -5

7 Активностите од деловниот план да се одвиваат во подрачја со ограничени можности -5

 8 Барателот да е самохран родител -10

Потребни документи кои барателот треба да ги обезбеди:

1 Барање за финансиска поддршка генерирано преку системот за електронско поднесување на барање на e-baranie.ipardpa.gov.mk за мерка 115

(барањето треба да се испечати и да биде своерачно потпишано од страна на поднесувачот на барањето) 115

2 Понуди/профактури со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка (оригинал со потпис и печат) (Понудите од странство треба да бидат преведени на Македонски јазик заверени од овластен судски преведувач) 115

 3 Деловен план – изготвен согласно Упатсвото за изготвување на деловен план 115

4 Решение за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства 115

5 Годишна даночна пријава (УЈП) 115

6 Потврда од Министерство за труд и социјална политика за социјален статус – самохран родител 115

7 Потврда од Фондот за инвалидско и пензиско осигурување за лица регистрирани како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување

 

П.Ј.

Слични написи

Back to top button
Close