Меѓународен конгрес за квалитет и безбедност на храна

(Oвој напис е објавен на: October 5, 2017)

Квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам, е темата на Меѓународниот конгрес „Нутрикон 2017“, што ќе се одржи од денеска до 7 месецов во Скопје.

На првиот ден на конгресот ќе се одржи дискусија за влијанието на информациите за храна, здравје и нутриционизам од Фејсбук врз здравјето на потрошувачите и како науката да се бори со тоа.

Најавено е учество на над 150 лекари, нутриционисти, технолози, инженери, компании, потрошувачи и претставници на владини и меѓународни институции од областа на здравството, нутриционизмот, како и производители на квалитетна и безбедна храна.

Конгресот се одржува во соработка со Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (ЕХЕДГ) и Иницијативата за глобална хармонизација (ГХИ).

Share Button