вестиТоп вести

Небезбедна „шунка за пица“ од Австрија стигна на хрватскиот пазар, кај нас ја нема

Хрватска од своите маркети ја повлекува здравствено неисправната „шунка за пица“ по потекло од Австрија,м која стигнала преку добавувачот од Словенија „Месарство Облак“, а го дистрибуирала компанијата Станич ДОО. Од АХВ велат дека досега немаат добиено нотификација за небезбедна пратка Шунка за пица по потекло од Австрија и оти ќе ја следат состојбата и доколку има потреба навреме ќе реагираат.

 

На пратките со небезбедно месо од Бразил, Полска, Белгија сè почесто крајна дестинација им е Балканот. Така потрошувачите во последно време се навикнаа постојано да се соочуваат со вакви информации и повеќепати да го проверуваат квалитетот и безбедноста на месото. Откако стивнаа реакциите со небезбедно свинско месо од Шпанија, во кое беше утврдено присуство на вирусот африканска свинска чума и пилешко месо со салмонела, кое од Бразил стигна до Албанија, овој пат на мета се најде Хрватска каде што била увезена небезбедна „шунка за пица“ од Австрија.

Од македонската Агенција за храна и ветеринарство – АХВ, за весникот „Вечер“ велат дека досега немаат добиено нотификација за небезбедна пратка шунка за пица по потекло од Австрија. Оттаму велат дека ќе ја следат состојбата и доколку има потреба навреме ќе реагираат и ќе нè информираат.

Инаку, хрватската Агенција за земјоделство и храна во понеделникот ги извести потрошувачите дека од пазарот повлекува „шунка за пица“ од австриски производител за која постои сомневање дека е здравствено исправна. Оваа информација надлежните институции во Хрватска ја добиле преку Системот за безбедност на храна на ЕУ – РАСАФ.

На пазарот во Хрватска овој производ стигнал преку добавувачот од Словенија „Месарство Облак“, а го дистрибуирала компанијата Станич ДОО, Керестинец, Света Недела.

Од АХВ велат дека како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската Унија, досега нема добиено нотификација за небезбедна пратка Шунка за пица по потекло од Австрија. Како одговорна институција за безбедноста на храната АХВ ќе ја следи состојбата и доколку има потреба навреме ќе реагира.

извор: вечер

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close