вестиТоп вести

Од јануари стапува на сила новиот Закон за акцизи 2020 година

Варењето ракија на нашите простори е традиција од стари прастари. Од први јануари со стапувањето на сила на новиот Закон за акциза предвидено е  воведување на ред и во производството на ракија во домашни услови. Граѓаните кои произведуваат над 200 литри, но не повеќе од 2000литри, ќе треба да се регистрираат, а Агенцијата за храна и ветеринарство ќе треба да ја провери

 

Со новиот закон за акцизи кој стапува во сила од први јануари се предвидува озаконување на производството и продажбата на домашна ракија. Оние граѓани кои дома произведуваат над 200, но не повеќе од две илјади литри ракија, ќе треба да се регистрираат и ракијата да им биде проверена од Агенцијата за храна и ветеринарство, дали таа е безбедна за употреба.

Производителите во 2020 година немаат обврска да плаќаат акциза, но од 2021 година ќе се плаќа по 10 ден за литар произведена ракија и секоја наредна година ќе се зголемува за 10 денари, така во 2022акцизата ќе биде 20ден. наредната 30 итн.

Од оваа обврска се ослободени оние граѓани кои произведуваат помала количина од 200 литри.

 

Павлина Јовановска

 

 

 

Слични написи

Back to top button
Close