вестиТоп вести

Општина Битола го објави повикот за субвенционирање на инвертер-клими

Битола

 

 

Општината ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средствата  на граѓаните кои ќе се решат да купат клими од 30.09.2019 година па до денот на завршување на повикот 09.10.2019 година. Односно 30 проценти од вредноста на набавениот клима уред, а тоа да не е повеќе од 20 илјади  денари.

 

Општина Битола го објави повикот за надоместување на дел од трошоците на граѓаните кои ќе купат клима уреди – инвертери за 2019 година. Општината ќе им обезбеди поврат на

дел од потрошените средствата  на граѓаните кои ќе се решат да купат клими од 30.09.2019 година па до денот на завршување на повикот 09.10.2019 година. Целта е стимулирање на граѓаните да користат обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови кои минимално ги загадуваат почвата и воздухот и не влијаат врз климатските промени.

-Општина Битола ќе обезбеди поврат од дел од потрошените средства односно 30 проценти од вредноста на набавениот клима уред, а тоа да не е повеќе од 20 000 денари. Јавниот повик ќе трае почнувајќи од  30 септември се до 9.10.2019 година и е објавен на веб страната на Општина Битола и е истакнат  на огласната табла во Општината, соопшти советничката Татјана Крнчева.

Услов за учество на јавниот повик е купувачот да нема искористено субвенција за истата оваа намена од било кој друг извор од Република Северна Македонија, а право на учество ќе имаат жителите на Општина Битола кои ќе набават клима уред во овој временски период додека трае јавниот повик и ќе ја достават потребната документација.

-Документацијата се состои од образец со барање во кој стои изјава дека барателот нема искористено надомест за истата намена, фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и оригиналната фискална сметка или фактура со уплатница. Едно лице може да поднесе само едно барање. Бројот на корисници кои ќе поднесат барање е ограничен до предвидениот износ за оваа намена кој изнесува 2,5 милиони денари. Исплатата ќе се врши по редослед на поднесените барања до исцрпување на предвидените средства по принципот прв дојден прв услужен. За доделените средства јавноста ќе биде известена преку јавните гласила, додаде Крнчева.

 

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close