вестиТоп вести

Тиквеш „тимбилдинг“: Сите вработени секојдневно на гроздобер, па во канцеларија

На гроздобер од утрото во четири часот, па на работа во канцеларијата во Скопје. Сметководители, одговорни за човечки ресурси, вработени во административниот дел, експерти, енолози, директори на сектори – сите вработени во најголемата винарија во земјава секојдневно прво берат грозје на лозовите насади, после работата ја продолжуваат на своето стандардно место. Не е приказна од кафана, туку е редовна практика во „Тиквеш“, компанијата во која управува познатиот Светозар Јаневски. Во време кога грозјето стаса за берба и треба да се собере, а сезонски работници нема ни за лек, менаџментот на компанијата одлучил на ваков начин да се „билда тимот“ и духот но и одговорноста на вработените кон компанијата во која работат. Не е изземен никој – па без оглед кој на каква позиција работи секојдневно мора да оди на берба. Од Скопје до Кавадарци со автобус, организирано, меѓу 4 и 5 часот наутро, објавува Фактор.

Откако ќе се заврши дел од работата предвидена за тој ден, вработените повторно се враќаат назад. На работа, во компанијата во Скопје.

Извор: Фактор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close