вести

Жетвата во Кумановско без проблеми и според предвидената динамика

Непречено се одвива жетвата во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
zhetvata vo kumanovsko bez problemi i spored predvidenata dinamika
Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, собрани се 90 отсто од вкупно посените 8.713 хектари јачмен, ожнеани се половина од 12.820 хектари пченица, а земјоделците од трите општини целосно ги ожнеале и површинтие под овес, вкупно 901 хектар.
Проценките од терен велат дека условите за развој на есенските жита се поволни и се очекува подобар и поквалитетен принос во однос на претходните години.
– Досегашниот тек на жетвата се одвива без прекини, на нивите има доволно механизација и ако се оди според ова темпо се очекува жетвата да заврши наврме, изјави раководителот на Подрачната единица Насер Даути.
Приносот кај јачемнот е 4 до 4,5 тони на хектар, додека кај пченицата од 3,5 до четири тони на хектар. Повисок е кај земјоделските претпријатија кои ги применуваат агротехничките мерки, до шест тони на хектар.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close