fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сончево со мала до умерена облачност

До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со магла по одделни котлини. За време на викендот ќе биде ветровито со зголемена облачност и повремени врнежи од дожд, а дневната температура позначително ќе опадне.

Во одделни котлини денеска претпладне ќе има магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до седум степени, а максималната ќе достигне до 18 степени.До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со магла по одделни котлини. За време на викендот ќе биде ветровито со зголемена облачност и повремени врнежи од дожд, а дневната температура позначително ќе опадне.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close