fbpx
Вести

График на денот: Најголемите увозници на бурбон во Европа

Откако САД наметнаа царина за увоз на челик и алуминиум од Европската унија, блокот сака да воведе реципрочни давачки за американските производи од 1-ви јули 2018-та година.

Меѓу стоките што ЕУ сака да воведе царина е бурбонoт.

Како што покажува графикот на „Statista“, три од главните увозници на виски-бурбон се од ЕУ: Шпанија, Обединетото Кралство и Германија.

Според податоците на „Distilled Spirits Council“ во 2017-та година, овие три земји увезувале бурбон за вкупно 127,6 милиони долари, а Шпанија е лидер со 87,4 милиони долари од тој износ. Островот и Германија се само петти и шести во рангирањето со 22,6 и 17,6 милиони долари.

Меѓутоа, кога се разгледува заедничкиот американски пазар за виски, сумите драстично се зголемуваат. Тука на прво место е Велика Британија  со увоз на виски за 126,5 милиони долари. Втора и трета се Франција и Германија со 91,6 и 81,4 милиони долари.

Австралија и Јапонија се рангирани на четврто и петто место, но со многу пониски цени – 40,7 и 31,6 милиони долари.


 

денар.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close