fbpx
Вести

Колку пари нудат Хрватите за берба на јаболка?

jabolka

Во Хрватска на берачите на јаболка им нудат по 17 куни од час, пишува Глас Славонија.

Тие имаат шанса да склучат договор за работа, а се нуди и платен превоз.

Но, цената од 17 куни за работен час се смета за ниска и за тоа има критики на социјалните мрежи, поради што работници за оваа работа има малку.

„Во овоштарник сме по 10 часа, температурата е 40 степени, а време за одмор нема. Кој не се обидел, тешко дека ќе знае за што зборувам“- вели сезонски берач.

Сепак, 17 куни по час е повеќе од сумата која се плаќа во Србија и БиХ, но помала од онаа која се исплаќа во земјите од ЕУ.

Во Европа работодавците добиваат повеќе пари за јаболката, а со тоа можат и повеќе да платат.

Сопствениците на овоштарници велат дека приказната има две страни, за едни сумата е мала, за други голема, но оние кои се занимаваат со оваа гранка скоро секоја година ги ангажираат истите работници.

 


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close