Тутунарите бараат надлежните да кажат колку чини производството на килограм тутун
Дали на тутунарите најмногу им се дава од државата?
Согледувајќи ги сите параметри поврзани со откупот на тутунот но и со вкупните состојби во тутунопроизводството во последно време има тенденција да се пласира една теза од неколку страни. Меѓутоа, очигледно од исти центар, а тоа е дека на тутунарите најмногу им се дава, државата најмногу одвојува средства за нив, тутунарите преку своите тутунски здруженија неосновано барале повеќе од тоа што им следува и со сето тоа незадоволство ја уништувале тутунската индустрија.
Ова најпрво е еден груб обид да се направи раздор мегу земјоделците, а уште пострашно што ние како тутунари, социјално потценета категорија граѓани не преставуваат како уништувачи на тутунската индустрија. Нема да коментираме кое е значењето на тутунот како стратешка култура за државата, за компаниите и за нас тутунопроизводителите тоа е општо позната тема за сите, ниту за задачите и улогата на тутунските здружија во целиот овој процес. Она што сакаме да го потенцираме и ќе бараме одговори од надлежните, навистина да се престави реалната слика пред македонските земјоделци, но и пред целата македонска јавност. Јавно ги повикуваме институциите по налог на МЗШВ, дали тоа ќе биде Институтот за тутун во Прилеп, дали тоа ќе биде катедрата за тутун при Факултетот за земјоделство во Скопје или некоја друга релевантна институција во државата, да излезе со бројки за тековнава реколта 2021 колку ги чини тутунарите 1 килограм произведен тутун. Целта е да се направи споредба со моменталната постигната просечна цена, дали ние цената што ја добиваме во моментов е цена со која работиме со загуба. Но уште по важно е на прагот на новата производна реколта кога во март се склучуваат договорите и се формираат цените по класи е да дадат пресметка колку ќе кошта килограм произведен тутун во новата реколта, со оглед на сите моментални цени на репроматријалите за производство за ние како тутунари имаме претстава дали навистина бараме неосновано покачување на цените по класи кое не се случило неколку реколти наназад. Нашата анализа покажа дека да произведат тутунарите 1 килограм тутун во 2021 година требале да вложат нешто повеќе од 215 денари. Јавно ве повикуваме МЗШВ, Институтот за тутун Прилеп, Каатедрата за тутун при Земјоделски факултет Скопје со ваши бројки демантирајте, стои во дописот на ново-формираните тутунски здруженија.