Проблемите на макаедонскиот земјоделец се провлекуваат со години. Личните интереси на големите откупни компании ќе придонесат македонското земјоделство да се уништи. Нивниот манипулативен и понижувачки однос преку ниските откупни цени го уништија зермјоделецот. Тоа е една од главните причини за иселување и осиромашување на руралните средини
Ниски откупни цени, несигурен пласман, високи производствени трошоци, негативно влијание на климатските промени се дел од проблемите кои со години наназад го мачат македонскиот аграр. Од друга страна загрижува и фактот што се намалува домашното производство на земјоделски производи, а за сметка на тоа се зголемува увозот на истите. Според статистичките податоци извозот во изминатите три години се зголемил за 1,63 отсто, додека за истиот период увозот се зголемил за 13 отсто, односно за осум пати повеќе.
Од Националната федерација на фармери велат дека и покрај тоа што земјоделството е стратешка гранка, учествува со 12 отсто во БДП и 180.000 семејства живеат од него, сепак проблемите на малите земјоделци остануваат.
-За жал личните интереси на големите откупни компании, винарии, млекарници, млинови … ќе придонесат македонското земјоделство да се уништи. Нивниот манипулативен и понижувачки однос преку ниските откупни цени го уништија зермјоделецот. Тоа е една од главните причини за иселување и осиромашување на руралните средини, вели Васка Мојсовска претседател на НФФ.
Поради тоа со цел да се обезбеди егзистенција и достоен живот од НФФ бараат почитување на Декларацијата за права на селаните и лицата кои работата во руралните средини доденесена од страна на Обединетите нации.
Според Мојсовска, земјоделските производители си ги бараат нивните производни цени, субвернциите кои ги дава државата се добредојдени, но не треба секоја година земјоделците да бараат пари од Буџетот за да ја компензираат разликата.
-Зошто државата да дава два денари кога можат откупвачките центри да ги дадат тие два денари на земјоделците. И не два туку треба да им дадат и повеќе бидејќи имаат голема заработка и остваруваат големи приходи од производството на вино. Откупувачите секогаш се вадат на слаб и нестандардизиран квалитет. За да добијат соодветен квалитети количини откупувачите треба да потпишат договори на почеткот на производството со јасно дефинирани откупни цени кои треба да се повисоки од производствените цени и да имаат партнерски однос со земјоделците, вели Мојсовска.
Во однос на климатските промени кои се поизразени во последните години и кои во голема мера им ги намалуваат приносите и заработката на земјоделците од НФФ сметаат дека во Државната програма за финансиска поддршка и рурале развој треба да се вградат политики кои ќе овозможат адаптирање на нашето земјоделство на новата клима. Акцентот треба да се стави на реконструкција и модернизација на водоводните мрежи, бидејќи проблемите со водоснабдувањето годинава придонесоа да се намали родот и квалитетот на земјодските производи од 50 до 70 отсто.
извор: Вечерпрес