fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Не дозволувајте пчелите да останат гладни во текот на зимата

Не дозволувајте пчелите да останат гладни во текот на зимата

pceli

Ова е кратко  потсетување на количината храна која пчелното семејство може да ја согори .Спротивно на логиката пчелите јадат повеќе  ако зимата е топла отколку кога е ладно

Во потоплите денови, пчелите ја напуштаат кошницата и летаат наоколу барајќи храна, но летот е исклучително енергетски интензивен лет за нив. Има добри шанси тие да не соберат ништо, што значи дека ќе потрошат многу енергија во потрага по нешто што не постои. Од друга страна, кога е студено, тие се во кластер заедно, делат топлина и согоруваат помалку енергија.

Неколку топли денови може да помогнат

Неколку нередовни топли денови во текот на зимата им овозможуваат на пчелите да летнат  за прочистување, што е добро за долгорочното здравје на пчелното семејство.. Оние кои  се слаби – нема да се вратат во кошницата.

Меѓутоа, ако топлите денови траатво континуитет, пчелите ќе почнат да се хранат од ден на ден. Бидејќи е топло, тие ќе излезат од кошницата  во потрага по храна, што е многу активност за нив во  овој период од годината.

Пчелите што летаат се гладни пчели

Многу пчелари сакаат претпазливост и прават или купуваат резервни слатки пити за зимата, за  во случај ако се појави  невообичаено топло време . Сепак, ова не е единствената причина зошто треба да се грижите  пчелите да имаат доволно храна и дополнителна храна.

 

Наскоро ќе почне размножувањето на пчелите

Имајте на ум, веднаш штом ќе започне зимската краткодневница, кралицата ќе започне да лежи јајца полека, прво неколку, а потоа сè повеќе и повеќе секој ден. Ако сè оди според планот, кошницата ќе биде полна со пчели сè додека тече нектарот. Колку е поголемо семејството – толку повеќе храна му е потребна и треба почесто да ја проверувате како се приближува пролетта. Искусен пчелар јавно ја сподели својата катастрофална грешка. Една година тој провери дали пчелите имаат храна на секои 2 недели. Дури чувал календар и бил точен како часовник.

Меѓутоа, како што се приближуваше пролетта, двонеделната проверка не беше доволна за семејството  да порасне многу и пчелите изгладнуваа до смрт некаде помеѓу тие две недели. Ова беше неговата животна лекција што ја запамети засекогаш: што е доволно за време на студената зима не е доволно пред почетокот на пролетта.

Проверката дали пчелите имаат доволно храна трае околу 5 секунди и може да биде непроценливо

Извор:Honeybeesuite

подготви: Ј.П.

Слични написи

Back to top button
Close