Сепак, секој според длабочината на својот џеб, новогодишните празници треба да се прослават, а традиција е во секој дом да има богата новогодишна трпеза и подароци за најблиските. Руска салата, сарма, кифли, свинско печено, винце и нешто благо се задолжителен декор на секоја новогодишна трпеза, а тоа чини
Руска салата, сарма, кифли, свинско печено, винце и нешто благо се задолжителен декор на секоја новогодишна трпеза. Сето ова,според пресметките граѓаните ќе ги чини од 5.000 до 10.000 денари. За некои овој трошок е неизбежен, бидејќи сепак еднаш е Нова година и треба семејството да се собере на ручек. Други, пак, оние со поскромни примања или пак оние кои размислуваат порационално велат дека не е само Нова година туку потоа следуваат и Бадник и Божик, а треба да се мисли и на тоа како да се истурка јануари, кој за многумина е најдолгиот месец во годината, токму поради празниците и поради трпезите кои треба да бидат полни.
Сепак, секој според длабочината на својот џеб, новогодишните празници треба да се прослават, а традиција е во секој дом покрај богата новогодишна трпеза да има и подароци за најблиските. Пакетчиња, по некоја играчка за најмалите и по некој подарок за повозрасните.
На зелените пазарите вообичаена гужва пред празниците, се купува овошје, зеленчук, ореви и костени. Во месарниците, исто така редици, а освен месо се купуваат и сувомесни производи, чајна, кулен, печеница, пршута да има барем еден оредевер на маса….
Целиот текст прочитајте го ТУКА.