fbpx
ВестиТоп вести

Сопственоста на земјоделското земјиште и имот -предизвик за руралната жена

Рурална жена

 

„Зајакнувањето на правата на руралните жени е од суштинско значење за развој и просперитет на руралната заедница. Кога руралните жени се поддржани и нивните права се загарантирани, позитивните ефекти се видливи не само во нивните семејства, туку и во заедницата и целото општество. Тие се иднината на руралната економија и затоа треба да имаат далеку поголеми можности, глас и одлучувачка моќ во својата заедница, а нивните права треба да бидат заштитени, истакна Анели Леина, регионална директорка на Шведската организација за развој We Effect  на настан во Демир Капија по повод Меѓународниот ден на жената од руралната средина.

Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, истакна дека „Во ИПАРД 1 одвај 3% од апликациите биле поднесени од жени. Со ИПАРД 2, 23% од барањата се поднесени од жени. Од 73 апликации за набавка на расен добиток 33 се одобрени за жени. За набавка на трактори од 1347 – 343 се за жени, рече Бабовски.

Како позитивен резултат беа истакнати и промените направени во четиригодишната програма за рурален развој 2018 – 2021, на барање на Националната федерација на фармери, со кои беа отстранети дискриминаторските мерки. Ова барање беше поддржано од  Мрежата за рурален развој, Министерството за труд и социјална политика, Шведската организација за развој We Effect, Факултетот за земјоделски науки и храна, UN Women и други меѓународни и национални организации.

З.Б.

Содржините на оваа веб – страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close