fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

100% измрзнати дел од овошките, најпогодени праските и кајсиите, земјоделците бараат обесштетување

Земјоделците бараат обештетување од Министерството за земјоделие.

Измрзнувањето на овошките, особено на кајсијата и праската е и до 100 % од последните пролетни мразеви велат земјоделците. За голем дел од нив тие се единствена егзистенција за целото семејство. Па, освен што ќе останат без основни приходи, ќе немаат сретства за да ги одржуваат овоштарниците понатаму. Земјоделците бараат обештетување од Министерството за земјоделие.

-Ние како Национална федерација на фармери, апелираме и дадовме барање, да им се помогне на земјоделците кои ги претрпеа штетитите, да се формираат комисии да се излезе на терен да се процени секој насад колку има измрзнување и да се обештетат, бидејќи луѓето ќе останат без финансиски средства за егзистенција-вели Васка Мојсовска, претседател на Федерацијата на Фармери.

Најмногу настрадал Повардарскиот дел заради раната вегетација. Во беровско, Преспа и Тетово помали се штетите, бидејќи температурите затекнале затворен цвет на овошките кога не постои или е помала опасноста од измрзнување. Но, не само од температурата, измрзнувањето вели агрометеорологот Ангелески дека зависи и од: типот на почвата, вододржливоста, времетраењето на мразевите и повторувањето, позицијата на теренот:

-Ваквите температури во овие фази на развој особено кај коскестото овошје, бидејќи сите беа прецветани особено долж Повардарието најмногу настрада кајсијата. Таа беше во фаза на формирање на плод или веќе формиран плод, а тоа е фаза кога издржливоста е многу мала.-вели Анѓелко Ангелески, советник за агрометеорологија.

ФФМ со барање за осовременување на земјоделство по примерот на европските земји. Предлагаат во Националната програма за рурален развој на Министерството за земјоделие да бидат вклучени користење на антифрос системи конкретно против измрзнувањето, развиени водоводни мрежи, а не дефектни како постоечките кои не се функционални. Овозможување водоснабдување. Приклучна механизација (водени топови), плински уреди кои ќе испуштаат топлина, заштитни мрежи.

-Проблемот кај нас е со што нашите земјоделци се немоќни да инвестираат за заштита од климатските промени. Затоа што откупните цени со години наназад им се многу ниски и тие само ги одржуваат насадите, кои се далеку пониски од производните-вели Мојсовска.

Министерот за земјоделие Аријанит Хоџа, вели дека е во постојана комуникација со погодените подрачја од Повардарскиот дел и укажано им е како да постапат во делот на проценките на штетите. За нив одлучува владината комисија во која има и претставници од Министерство за земјоделие кои ќе направат се да се покријат штетите за овоштраниците да се оспособат за наредната година како и претхподните години.

-Општинските комисии што се формираат во вакви ситуации излегуваат на терен и записниците што ги изготвуваат се пријавуваат во Комисијата за штети, ако е потребно дополнително вештачење се прави во Бирото за судски вештачења кое е во државна ингеренција и после тоа следува вреднување односно одлуки на Комисијата што ги предлага на Владата за понатамошна постапка. Очигледно е дека штети има , но внимателни сме во тоа навистина тие што имаат повеќе штети да бидат обештетени, а да не дозволиме некој вид на манипулација-вели Хоџа.

Ова се повторува неколку години наназад како резултат на климатските промени: во зима нема снег, туку во рана пролет кога предизвикува пад на температурите. 3.5 милиони евра испатила државата минатата година за вакви штети. Станува збор за огромни суми, вели министерот Хоџа, па се размислува за нова методологија за осигурување по примерот на турскиот систем Тарсим. Нова агенција која ќе може да направи револуција во делот на осигурувањето, за да не мора владината комисија секоја година да утврдува вакви ситуации.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close