150 компании за млечни производи, млеко, леб… од 1 декември добиваат поевтина струја по фиксна цена
Од 1 декември фиксна цена на електрична енергија ќе има за 150 компании за млечни производи, млеко, леб и други прехрамбени производи. Цената ќе биде најконкурентна и ќе биде уште пониска од таа за малите потрошувачи, изјави министерот.
Крешник Бектеши, министерот за економија, откри дека од 1 декември 150 компании за храна во Македонија ќе добијат поевтина електрична енергија по фиксна цена.
– Од 1 декември фиксна цена на електрична енергија ќе има за 150 компании за млечни производи, млеко, леб и други прехрамбени производи. Цената ќе биде најконкурентна и ќе биде уште пониска од таа за малите потрошувачи, изјави министерот.
Бектеши не откри по кој модел ќе се плаќа оваа цена на регулираниот пазар и дека за имињата на компаниите јавноста ќе биде дополнително известена.
Претходно, Регулаторната комисија за енергетика излезе со предлог овие 150 компании да не се најдат на регулираниот пазар, бидејќи така ќе треба да плаќаат профитна маржа за ЕВН, туку да потпишат директни договори со ЕСМ Продажба.