fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

16-годишно девојче извлечено од провалија во околината на Струмица

ЦУК вчера во 20:30 часот на 112 добиле повик од возрасна жена која известила дека нејзината ќерка е падната во дол во близина на манастирот „Свети Илија“ над Струмица, но не ја знае точната локација. Воедно известила, како што се вели во соопштението од ЦУК, дека ќерка ѝ има повреди на главата

Од провалија во близина на манастирот „Свети Илија“ во Струмица вечерва е извлечено 16-годишно девојче, кое веднаш е пренесено во струмичката болница, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека вечерва во 20:30 часот на 112 добиле повик од возрасна жена која известила дека нејзината ќерка е падната во дол во близина на манастирот „Свети Илија“ над Струмица, но не ја знае точната локација. Воедно известила, како што се вели во соопштението од ЦУК, дека ќерка ѝ има повреди на главата.

Откако ќерката се јавила на 112 и рекла дека не знае каде се наоѓа, односно каде е местото каде што паднала, операторите ја утврдиле локацијата, а потоа ги известиле од Секторот за операции и координација на ЦУК, кои упатиле повик до СВР Струмица, Противпожарните екипи на Струмица и Итната медицинска помош од Струмица.

„Сите екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација, а откако викајќи оствариле гласовен контакт со девојчето, набргу успеале да ја најдат“,

информираат од ЦУК.

Со оглед на повредите на главата, како што информира ЦУК, девојчето веднаш било пренесено во струмичката болница.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close