Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
307,5 милиони денари за тутунарите, објави премиерот Заев
Оваа мерка е за да ги спречиме последиците од ограничувањата во превозот и трговијата како и од падот на потрошувачката на тутунски преработки на светско ниво
Премиерот Зоран Заев во моментов на пресконфернција рече дека од петтиот пакет мерки 307, 5 милиони денари ќе одат на сметките на тутунарите.
-Министерот за земјоделие и неговите тимови најдоа начин да помогнат на тутунарите кои што оваа година се погодени од кризата. Трите изминати години беа одлични, но оваа година пандемијата си го направи своето и во оваа значајна земјоделска дејност. Оваа мерка е за да ги спречиме последиците од ограничувањата во превозот и трговијата како и од падот на потрошувачката на тутунски преработки на светско ниво. Вредноста на оваа мерка е 307,5 милиони денари за 2021 година, порача премиерот Заев.