42.000 денари тежи потрошувачката кошничка за семејство со еден ученик
Според ССМ трошоците секој месец растат од 200 до 300 денари, а на годишно ниво и до 1.000 денари и тоа треба да биде аларм за да се превземе нешто со платите на работниците.
На семејствата кои имаат еден ученик, во август им биле потребни минимум 42 илјади денари. Потрошувачката кошница расте. Според последните податоци на ССМ минатиот месец за покривање на основните потреби за живот на едно семејство му биле потребни над 34 илјади денари. Но според пресметките на синдикатот ако во семејството има ученик тие треба да одвојат уште минимум 8.000 денари. Според ССМ трошоците секој месец растат од 200 до 300 денари, а на годишно ниво и до 1.000 денари и тоа треба да биде аларм за да се превземе нешто со платите на работниците.
Од синдикатот алармираа што поскоро да почне и расправата за новиот закон за работни односи и недела да се прогласи за неработен ден.
Инаку со недела неработен ден нема да бидат опфатени оние сeктори кои не може да го прекинат процесот на работа. На рaботниците кој ќе бидат ангажирани на оввој ден ќе им биде исплатена повисока дневница од најмалку 50 до 100 проценти.