fbpx
Вести

Најзагрозените земјоделци кои имаат проблеми со откупот на лубеници ќе имаат приоритет

lubenici

Заменик-министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Власте Димковиќ  се сретна со дел од производителите на лубенци кои имаат проблем со откупот.

Се работи за земјоделци кои имаат нерешни имотно правни односи, поради што не ги исполнуваат условите за дополнителната субвенција од два денари за килограм продадени лубеници кај регистрирани откупувачи, што на почетокот на месецот ја донесе Владата.

Сепак, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе им излезе во пресрет и ќе им помогне во решавање на проблемот со откупот.

„Како Министерство, веднаш стапивме во контакт со откупувачите и уште од утре тие се подготвени да откупат одредени количини лубеници. Со производителите што присуствуваа на средбата договорено е да направат список, кои земјоделци се најзагрозени и треба да имаат приоритет при откупот. Министерството ќе ја прати состојбата на терен.

Порачуваме дека Владата на Република Макаедонија ќе биде континуирана во делот на интервенциите и решевање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно“, соопштија од министерството.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close