fbpx
ВестиЛов и риболов

Од идниот месец Македонија ќе може да извезува рибни производи во ЕУ

Од 27 септември годинава Македонија ќе биде ставена на листата земји чии објекти се одобрени за извоз на производи од риба во Европската унија со што се отвораат нови перспективи за компаниите од овој сектор, вели директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

Очекуваното одобрување, објаснува Атанасов, следи по ревизијата што ја извршија инспекциски тела на ЕУ и по проверката на контролниот систем во земјава.

– Одобрувањето отвора нови перспективи за развој на рибниот сектор, по можноста која се отвори за македонските компании од месната индустрија и кланиците кои добија дозвола од Европската комисија за извоз на говедско не само во земјите на ЕУ, туку и за транзит низ ЕУ во трети земји – нагласува директорот.

Според него, на 13 септември членките на ЕУ треба да се изјаснат по ова прашање и воопшто не се очекува да го оспорат.

Засега, само еден оператор од Македонија ќе извезува рибни производи. Станува збор за компанија која се занимава со препакување аргентинска и риба од Грција.

– АХВ интензивно работи и на добивање одобрение од ЕУ за извоз на жива риба што веројатно ќе се реализира идната година -истакна директорот.

Во Информативниот систем на АХВ се регистрирани 130 одгледувалишта на риба. Од нив, 36 се за крап, 59 за пастрмка, шест за аквариумски рипки и 22 се пасивни одгледувалишта.

– Заради докажување статус на држава, територија и регион за слободни од болеста од 2015 година, се спроведува надзор на болестите Вирусна хеморагична септикемија и инфективна хематопоетска некроза кај пастрмки, а од оваа година почна и надзор на болеста Кои херпес вирус кај крапот – објаснува Атанасов.

Во интервјуто директорот најавува нови проекти, се осврнува на болеста „чвореста кожа“, на инспекциските контроли на медот и на безбедноста на храната.

Тврди дека во Македонија храната е на високо безбедносно ниво, а системот за контрола е хармонизиран и соодветен на европскиот. Редовно се контролира и увозот на храна, а операторите во најголем дел се совесни, сами пријавуваат евентуални недоследности и се придржуваат кон условите за безбедност дефинирани со законските и подзаконските акти. – Во првите шест месеци од годинава, посочува директорот, се уништени околу 115 тони храна, од кои најголемиот дел, 112 тони, храна од животинско потекло, информира Атанасов.

Во врска со труењата, особено актуелни периодов, директорот на АХВ во интервјуто за МИА вели дека годинава се евидентирани вкупно седум, а извршените лабораториски испитувања на земените мостри покажале две отстапувања од микробиолошките критериуми за безбедност на храната.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close