fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Меѓу сточарите во Валандовско

Го слушаме гласот на земјоделците и заедно креираме мерки и политики, велат од МЗШВ

Теренските активности ги продолжуваме на средби, го слушаме гласот на земјоделците и заедно креираме мерки и политики. Денеска државниот советник на МЗШВ, Трајан Димковски и Благојче Веселиновски беа меѓу сточарите во Валандовско.
400 денари интервентна субвенција за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет обезбедивме за сточарите. На 1200 денари по грло овца ја зголемивме мерката од програмата за финансиска поддршка за обележани грла овца.
Преку програмата за рурален развој даваме поддршка за набавка на опрема за изградба на мандри и силоси.
Подготвуваме јавен оглас преку кои на располагање ставаме земјоделско земјиште над 3 хектари за одгледување на сточна храна, директно погагајќи на сточарите, велат од МЗШВ.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close