Бренд само на харија – Никој не сака да го застапува тетовскиот грав
Тетовскиот грав како земјоделски производ заштитен е од Државниот завод за индустриска сопственост веќе една деценија, но овој македонски бренд, се уште никој не сака да го застапува.
За да се купи и преставува тетовскиот бренд, потребно е да се исполнат неколку услови, кои ниту земјоделците ниту правните лица не сакаат да ги прифатат, велат од Агенцијата за потик и развој на земјоделството, кои ја водеа процедурата за брендирање на овој производ.
Од Земјоделската задруга од Нераште, велат дека можат да ги исполнат условите и да го застапуваат брендот. Но потреба им е првична парична помош, за да можат да ги исплатат земјоделците од кои ќе го откупат гравот, за кој имаат обезбедено и пласман.
Гравот тетовец е препознатлив по неговиот вкус. Главната основа за неговото брендирање е целината на зрното, која ја задржува за време на варењето.