fbpx
Вести

Македонецот годишно јаде 70 кг леб, пие 0,7 литри ракија, пуши 40 кутии цигари…

jadenje

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечно, еден граѓанин во Македонија годишно јаде 70 килограми леб, 29,9 килограми компир, девет килограми пилешко месо, 7,3 килограми ориз, 13,1 килограми јаболки, 10,5 килограми лубеница, 11,5 килограми зелка, 19,7 килограми пиперки, 14 килограми домати…

Граѓаните во Македонија годишно конзумираат и по 6,7 килограми сирење, 24,3 литри млеко во тетрапак, 13,8 литри јогурт, 5 литри кисело млеко, 1,5 килограми кисела павлака, урда и кашкавал по три килограми и топено сирење 0,3 килограми.

Меѓу пијалоците предничат газираните сокови. Просечно годишно еден македонски граѓанин пие 23,9 литри газиран сок, 19,4 литри минерална вода, 9,4 литри пиво, 5,5 кашести овошни сокови, 1,9 литри вино, 0,7 литри природна ракија. Најмалку или воопшто според анкетата не се конзумира ликер и шток. Пушачите во текот на годината просечно пушат 40 кутии, а кафе еден граѓанин троши просечно 2,3 килограми. Чоколадо годишно јадат 1,1 килограм.

Просечната плата лани во ноември изнесувала 23.229 денари.


 

мкд.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close